Опис на програма
Главна цел на програмата да го обучи кандидатот да може активно да се вклучи во процесот на работа во медицинска установа за работни задачи на болничар како дел од здравствен тим.
Обуката е планирана да се реализира како:
- дел од здравствена струка;
- модуларен тип на обука за работно оспособување за болничар во медицинска установа. Составена од два дела:
а. Основниот дел од обуката се состои од 260 часа распоредени во 9
модули, кој се реализира во училници,простории и кабинети за нега
во установата теоретски и практичен дел.
б. Дополнителниот дел од обуката се состои од еден месец практична
настава која се реализира во медицинска установа
За модул 1, 2 и 3 се организира обука во просторија со нагледни средства , со мулажи и ППП со по еден обучувач, додела за модулите 4,5,6,7,8 и 9 се организира тимска работа од двајца обучувачи за реализација на поставените стручни компетенции на кандидатите. Секој кандидат има свое работно место, групата која се обучува не треба да биде поголема од 20 кандидати. Опремата одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции. Сите кандидати задолжително треба да присуствуваат најмалку на 80% од часовите на модуларната единица. По завршувањето на секоја модуларна единица обучувачот го оценува кандидатот, вкупниот број на поени од сите модули согласно со бројот на часови изнесува 40, а по завршениот дополнителен дел од обуката следи практичен испит кој се состои од изведување на практична задача пред комисија со максимален број на бодови 60. Така да вкупен број на можни бодови кои можат да се освојат се 100. Сертификат се добива со освоени најмалку 80 бода.
Обуката корелира со други модуларни обуки од здравствен струка по одредени модули, така ако кандидатот има завршено друга обука одредени модули нема потреба да ги реализира.
Резултати од програма
- извршува работи и работни задачи како дел од здравствениот тим и во согласност со етичките норми и методи за комуникација со болен;
- идентифкува местоположба и топографија на одредени органи на човекот
- набројува органи во одреден систем
- изведува манипулација при физиолошка потреба на болен и применува постапки за правилено користење на садови при истата
- користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и природна исхрана
- подготвува, спроведува и асистира при активна и пасивна исхрана
- познава и подготвува материјал за болничка постела и болничка облека
- применува техники за местење и менување на болничка постела и облека
- учествува во процес на санитарен прием и постапка со леш
- применува постапки за правилен транспорт на болен
- применува постапки за заштита и спречување на пренос на инфекции при работа со пациент во здравствена установа
- изведува макроскопска контрола, идентификува патолошки промени на излачевини
- користи одредени методи и техники за припрема, земање и дистрибуција на дијагностички материјал
- асистира при катетеризација и очистителна клизма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 40 | 40 |
Пракса | 55 | 55 |
Оценување | 5 | 5 |
Вкупен број на часови | 252 |