Опис на програма
Програмата овозможува работно оспособување на учесниците за самостојнa работа козметичар во козметички салон, или можност за самовработување. Програмата е со четиримесечно времетраење односно 400 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведуваат во реални услови, салон за козметика.
По успешното завршување на програма учесникот ќе се оспособи за самостојнопланирање, подготовка и организирање на работните задачи, изведување на разни козметички постапки за нега на кожата на лицето, вратот и деколтето, да обликува веѓи, да депилира лице, брада и надусници, да изведува и депилација, масажа на лицето вратот и деколтето, да аплицира козметички маски и пакувања, да изведува маникир, надградба на нокти и педикир, да избира и применува професионални препарати, да применува хигиенотехнички мерки за лична и работна хигиена,изведува стерилизации наапарати, опрема, инструментите и приборот за работа, се грижи за квалитетот на услугите, се запознава со правата од работен однос и можностите заотварање и водење на сопствен бизнис. По завршувањето на програмата учесниците полагаат завршен испит и по успешното завршување се стекнуваат со сертификат за Козметичар по верификувана програма.
Програмата дава можност за вертикална проодност за повисокониво во занимањето.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 80 | 20 |
Пракса | 280 | 70 |
Оценување | 40 | 10 |
Вкупен број на часови | 400 |