Опис на програма
Програмата за работно оспособување за самостојно извршување на работи и работни задачи масер за лице и тело во салон за масажа, или за самовработување, опфаќа стручно теоретски содржини со вежби кои се реализираат во училницa/кабинет и истите се во функција на практичната обука која се реализира во реални услови-салон за масажа.
Програмата е со тримесечно времетраење, односно 250 часа.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе биде способен да ја планира и организира својата работа, ќе се грижи за личната хигиена и личното здравје и здравјето на клиентите и oколината, ќе го познава физиолошкото дејство на масажата и дејството на масажата како терапија со индикации и контраиндикации, ќе разликува одделни видови масажи, ќе изведува масажа ќе ги познава, користи и одржува апаратите и опремата, ќе ги познава ефектите од примената на одделен вид масажа, ќе воспоставува врска меѓу масажата, ќе применува професионални апарати и препарати при изведување на масажа, ќе применува хигиенотехнички мерки за лична и работна хигиена, асепси, антисепси и стерилизации, ќе ги познава правата и обврските од работен однос, отварање и водење на сопставен бизнис, ќе се оспособи за професионална комуникација и соработка.
По завршувањето на програмата кандидатот полага завршен испит со што се стекнува со уверение за работна оспособеност за самостојна работа Масер за лице и тело по верифицирана програма.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 30 | 30 |
Пракса | 60 | 60 |
Оценување | 10 | 10 |
Вкупен број на часови | 250 |