Опис на програма
Преку оваа програма, учесникот на оваа обука, ќе стекне основни знаења и пред се вештини за самостојна ориентација и мобилност во микро и макро простор. Тоа подразбира дека истиот ќе се запознае со основните техники за ориентација и мобилност пред воведување на белиот стап и тоа: техника на заштита на горен и долен дел на тело,техника на пронаоѓање на испуштен предмет и техника на движење со водич што ќе им овозможи поголема самостојност во секојдневните активности
Во функција на безбедна, целисходна и самостојна ориентација и движење во макро простор учесниците на оваа обука, исто така ќе се оспособат за користење на бел стап и различните техники на белиот стап како и основните елементи од процесот на самостојна ориентација и мобилност во населено место.
Програмата е во времетраење од 4 месеци, со 2 часа неделно индивидуална работа, одн. максимален број на часови реализирани неделно, со вкупен број на учесници е 10, додека во текот на целата обука 190.
На почетокот на обуката ќе се спроведе проценка на знаењата, способностите и вештините за секој учесник посебно и врз основа на добиените резултати ќе се изработи индивидуален план според кој ќе се организира и работата со секој поединец ,притоа земајки ги во предвид и индивидуалните интереси, очекувања и мотивација.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 28 | 20 |
Пракса | 143 | 70 |
Оценување | 19 | 10 |
Вкупен број на часови | 190 |