Опис на програма

Програмата се состои од модуларен тип на обуки со вкупно времетраење од 8 месеци (1 модул/8часа месечно, со можност за ‘распоредување’ на модулите на пократки сесии, на пример 2 часа неделно); Програмата има за цел да им помогне на (ново)вработениот персонал во малопродажните објекти кои се во сопственост на Компаниите од нафтената индустрија, соодветно да ја согледаат улогата и активностите на Продавач на Бензинска Станица.

По завршување на програмата, учесниците ќе полагаат завршен испит; Оние учесници кои ќе го положат тестот, ќе се стекнат со соодветен сертификат.

Со успешно совладување на програмата, невработените учесниците ќе се стекнаат со неопходните знаења и вештини за работење на оваа позиција, и ќе бидат препознаени како потенцијални кандидати за новоотворените работни места. Кандидатите кои се веќе вработени на оваа позиција, со користење на новостекнатите знаења би ја зголемиле сопствената продуктивност на работното место, а со подобрување на професионалните перформанси, би се зголемиле и шансите за нивно понатамошно напредување до позиција на Супервизор/Шеф на Бензинска Станица(и/или други позиции од Средниот Менаџмент на Компанијата).

Резултати од програма

По завршување на програмата, учесникот ќе биде способен да: - Ја согледа во целост улогата на Продавачот на Бензинска станица и да разликува соодветен од несоодветен сервис кон Клиентите и потрошувачите - Дефинира соодветна изложеност на производите (според утврден Планограм) - Соодветно да ги анализира активностите (на продавачите) и однесувањата (на потрошувачите) кои допринесуваат за зголемување/намалување на продажбата на одредени групи артикли - Го опишува квалитетот на производите/услугите пред крајните потрошувачи, и да направи соодветна препорака (во склад со нивните потреби/очекувања) - Аргументира предлог за подобрување на атрактивноста/профитабилност на продажното место - Направи соодветна обука на помладите колеги

Критериуми за влез во програмата

Возраст над 17 години, со завршено ССО

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 40 40
Пракса 35 55
Оценување 4 7
Вкупен број на часови 64
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support