Опис на програма
Програмата е изработена согласно со стандардите за земјоделско производство и е во согласност со принципите и правилата за спроведување и почитување на органското земјоделско производство.
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при работа во органското производство, правилната подготовка и примена на агротехнички мерки и материјали за органско производство на зеленчук и овошје, примена на системите за обработка на површините за органско производство, примена на начините и техниките на производство на расад и сеидба, примена на мерките за нега на органските култури, навремена и правилна берба на овошните и зеленчуковите култури, правилна евиденција и контрола на органското производството и правилно користење на машините, опремата и алатот на работното место.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат производител на органски зеленчук и овошје.
Модули на програмата: – Принципи и стандарди на органско производство
– Производство на органски зеленчук
– Производство на органско овошје
Времетраењето на програмата е 240 часа од кои 76 часа теоретска обука, 140 часа се практична обука во реални работни услови, а 24 часа се наменети за оценување. Програмата ќе се реализира за период од 3 месеци. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализираните простории на здружението во тераписката заедницата „Покров” под менторство на овластен земјоделски инженер, а практичната обука ќе се изведува на сопствените земјоделски површини од 50 000m2 и пластениците од 7 000m2 во заедницата „Покров“, кои се интегриран дел од здружението Избор. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во здружението.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите модули преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност
„Производител на органски зеленчук и овошје“
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 76 | 32 |
Пракса | 140 | 58 |
Оценување | 24 | 10 |
Вкупен број на часови | 240 |
Course Reviews
No Reviews found for this course.