Опис на програма
Курсот по германски јазик за ниво А1.1 е насочен кон осознавање на правилата и нормите на германскиот правопис, збороредот во прашални и исказни реченици и основни граматички структури, кон распознавање основни интонациски модели во истите и познавање, разбирање и употребување секојдневни изрази и основни фрази. Учебникот опфаќа седум лекции со следниве теми: добар ден, моето име е…, семејство и пријатели, јадење и пиење, моето живеалиште, мојот ден, слободно време и учење-за цел живот. Во реализација на програмата ќе се применуваат наставни методи (монолошка, илустративна, дијалошка, дискусија, разговор, презентација), наставни техники (сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, ) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според Норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставани ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дим професор, со завршени студии по германски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 32 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 19 часа ,за вежби и тематски тестови 12 часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање (слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 19 | 59 |
Пракса | 12 | 37 |
Оценување | 1 | 3 |
Вкупен број на часови | 32 |