Опис на програма
Програмата за работно оспособување за занимањето автомеханичар се за класични моторни системи патнички возила темели на стандардите за занимањето кои се постигнуваат преку обука со стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука, која пак се изведува во автомеханичарски сервис за патнички возила, Програмата е со времетраење од 320 часа.
По успешното завршување на програма учесникот ќе се оспособи за работа во автомеханичарски сервис за класични патнички возила. Учесникот ќе се оспособи за, сервисирање и дневна нега, демонтажа, чистење, поправка и монтажа на разни елементи, склопови и подсклопови од системите кај Отто и Дизел моторите. Учесникот ќе ги употребува, алатите, апаратите и механизмите, ќе ракува со современите апарати, опрема, инструменти и приборот за работа, ќе применува хигиенотехнички мерки за лична заштита и заштита на животната околина, ќе се оспособи за професионална комуникација и деловен однос со клиентите и колегите, ќе се запознае со правата од работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и по успешно завршување на испитот се здобива со сертификат за АВТОМЕХАНИЧАР ЗА КЛАСИЧНИ МОТОРНИ СИСТЕМИ ЗА ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА
Програмата дава можност за вертикална проодност во повисоко ниво во ова занимање.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 64 | 20 |
Пракса | 240 | 75 |
Оценување | 16 | 5 |
Вкупен број на часови | 320 |