Опис на програма
English File pre-intermediate (units 1-6)
Во третиот степен на возрасните им се дава материјал што ќе го одржи нивниот ентузијазам и ќе ја надогради нивната самодоверба за да можат течно и со леснотија да комуницираат. За да го зборуваат англискиот јазик со доверба на слушателите им се потребни: граматика, вокабулар и изговор. На овие три елементи им се дава подеднакво значење во горенаведената книга. Темите и вокабуларот се прилагодени на оваа возрасна група слушатели. Целите на курсот се остваруваат преку застапеност на сите јазични вештини.
1. Зборување – застапаени се теми што поттикнуваат интерес и задачи што ги тераат слушателите да ги употребуваат новостекнатите јазични содржини. Секоја лекција има активности за зборување што ги активираат граматиката, вокабуларот и изговорот. Задачите им даваат на слушателите чувство на напредок и покажуваат пораст на бројот на ситуации во кои тие можат ефективно да комуницираат. Има активности со информациски празнини за да се поттикне комуникација. Активностите се за работа во парови, групи, а има и игри каде се користи стекнатиот вокабулар.
2. Слушање – застапени се задачи за слушање кои напредно гледано се поголем предизвик во смисла на брзина, должина и тежина на јазикот, но се на ниво што може да се совлада. Има задачи за слушање каде се вежба слушање за главна идеја и за детали. Опфатени се и песни што за слушателите е уживање и мотивација.
3.Читање – слушателите се поттикнуваат да ја развијат вештината читање со тоа што се обработуваат интересни теми и текстовите поттикнуваат активност. Текстовите за читање во горенаведената книга се адаптирани од различни вистински извори (британскиот печат, списанија, нови веб страници). Со читањето како јазична вештина слушателите го збогатуваат вокабуларот и го зацврстуваат стекнатото знаење од граматиката
4. Пишување – зголемената примена на интернет и постоењето на Е-mail комуникацијата значи дека луѓето ширум светот пишуваат на англиски јазик повеќе од кога и да е и за деловна и за лична комуникација. Во секој дел од книгата има лекција за пишување со даден пример според кој потоа слушателите треба да напишат нешто.
5. Граматика – во 3тиот степен се обезбедува стимулативно повторување на јазичните содржини што слушателите треба веќе да ги знаат и интересни ситуации за новите јазични содржини.
Во третиот степен (1-6 лекција) се прави споредба меѓу Present Simple и Present Continuous Tense, меѓу Past Simple и Past Continuous Tense, се учат формите за идно време, дефинирајќи односни реченици, прашања со или без помошни глаголи, ред на зборовите со прашања, се учи Present Perfect Tense и се споредува со Past Simple Tense, се усвојуваат посложени форми на степенување, will за предвидувања, одлуки, понуди, ветувања.
Вокабулар – во третиот степен слушателите се фокусираат на зборови што често се употребуваат и на чести лексички области во реални рамки. Во третиот степен (1-6 лекција) слушателите усвојуваат вообичаени глаголски фрази, придавки за опис на личност, зборови поврзани со одмор, изрази за парафраза, предлози за време и место, прашални зборови, фразални глаголи, зборови за облека, временски изрази, придавки што завршуваат на -ed и -ing, зборови за делови на тело и здравје, спротивни глаголи, придавки со предлози.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 29 | 83 |
Пракса | 1 | 3 |
Оценување | 5 | 14 |
Вкупен број на часови | 35 |