Опис на програма

Курсот по германски јазик за ниво А2.1 е насочен кон оспособување на кандидатот да може да разбере реченици и често употребувани изрази кои се однесуваат на области од негов непосреден интерес (на пр. основни податоци за себе и семејството, пазарување, непосредна околина, работа) и да учествува во едноставни и вообичаени ситуации кои подразбираат едноставна и директна размена на информации во врска со познати и вообичаени работи. Учебникот опфака седум лекции со следниве теми: запознавање, дома, добар апетит, работен свет, спорт и фитнес, образование и кариера, прослави и подароци. Во реализација на програмата ќе се применуваат наставни методи (монолошка, илустративна, дијалошка, дискусија, разговор, презентација), наставни техники (сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, ) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според Норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставани ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дим професор, со завршени студии по германски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 32 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 19 часа ,за вежби и тематски тестови 12 часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање (слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.

Резултати од програма

Курсот е наменет за возрасни слушатели кои го имаат завршено
втор степен А1.2 и со тестирање покажуваат соодветно знаење за
втор степен.
По завршувањето на курсот слушателот ќе може да разбира соопштенија, ако се зборува за работи од секојдневниот живот, да каже што му се допаѓа, а што не му се допаѓа и да ја наведе причината, да раскаже што се случило вчера или минатата година, да раскаже за доживувања од своите патувања, да зборува за форми на живеење, пријатели и роднини, да разбере разговор помеѓу две личности доколку зборуваат за познати работи, да прочита и разбере едноставни текстови, ако се работи за конкретни и секојдневни теми, на пр. лични соопштенија, е-маилови, смс-пораки, кратки писма, да најде информации со познати зборови во писма, соопштенија итн., да напише соопштение и учтиво да замоли, да изрази надеж, жалење, лутина, благодарност и да направи предлог, да разбере и даде информации на прашање каде и на каде, да може да најде информации во листа, на пр. во мени, каталог, во познати ситуации да постави прашања и на истите да одговори, да зборува за своите навики за јадење и пиење, да именува предмети од домот и домаќинството, да води разговор во ресторан (да нарача, плати, рекламира, да побара слободно место), да разбере радио емисија на тема приватни покани и на истата да направи дијалози и да реагира соодветно во различни ситуации, да раскаже за својата работа и своето слободно време, да даде совети поврзани со темата работа, да води телефонски разговори на работно место и да напише кратки е-маилови. Слушателот ќе се стекне со знаења и ќе биде оспособен да: даде совети на тема здравје, да разбере совети дадени од експерти, да ги изрази своите интереси и чувства, да праша за нечии интереси и желби, да замоли за информации, да разбере и направи дијалог на тема спорт, спортски патувања, курсеви и слично, да прочита и разбере огласи на истите теми, да зборува за својот образовен и професионален пат, за училишниот систем и своите сеќавања од училишниот период, да разбира интервјуа и понуди за курс на тема обука и понатамошно образование, да праша за мислење и да го изрази своето, да разбира табли и знакови со информации на пр. во стоковна куќа, во болница, во докторска ординација итн., да зборува за подароци и да изрази идеи, молби и препораки, да планира прослава, да раскаже за одредена прослава, да напише и да одговори на покана.

Критериуми за влез во програмата

Курсот е наменет за возрасни слушатели кои го имаат завршено втор степен А1.2 и со тестирање покажуваат соодветно знаење за втор степен.  

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 19 59
Пракса 12 37
Оценување 1 3
Вкупен број на часови 32
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support