Опис на програма

Оваа програма е наменета за изучување на германскиот јазик на самостојно ниво во хомогени групи со претходно предзнаење на нивото В1.1 и според Европската референтна јазична рамка го опфаќа нивото В1.2, со што истовремено и го подготвува и оспособува слушателот за полагање на испитот Zertifikat Deutsch. Во фокусот на целите и задачите на програмата е изучувачот на јазикот како социјална единка, чија основна задача е да се стекне со комуникативни вештини. Основни наставани материјали се учебникот и работните листови, це-де кон учебникот, це-де кон работните листови, но и други додатни материјали, вежби, аудио-визуелни содржини и сл., кои дополнително се внесуваат во наставата од страна на одговорниот наставник. Слушателите напредуваат кон совладувањето на германскиот јазик, преку подеднаква застапеност на сите јазични компетенции: слушање, читање, пишување и зборување и јазични вештини: граматика и вокабулар. Наставните содржини се презентирани преку теми од секојдневното општење и автентични, релевантни текстови, како на пр. писма, информативни брошури, статии од весници, телефонски разговори, вести, извадоци од литературни текстови, радио и ТВ-емисии и сл. Во програмата застапени се и наставни единици со  цивилизациска содржина, каде што акцент е ставен на географските и културни карактеристии, но и обичаи и навики, типични за германско-јазичните говорни подрачја, со цел на слушателот што повеќе да му се доближат културните разлики. Методичко-дидактичкиот пристап и техниките на учење во процесот на наставата активно ги вклучуваат сите слушатели во групата. Наизменично се применуваат како фронтална настава, така и индивидуална работа, но и работа во парови, групи и пленум. Во текот на посетувањето на курсот се спроведуваат и тематски тестови за евалуација на стекнатото знаење на слушателите, а по завршувањето на програмата стушателот полага соодветен завршен испит, по што се стекнува со диплома за успешно завршен VI степен по германски јазик, средно / самостојно ниво В1.2 (Mittelstufe, B1.2).

Резултати од програма

По завршувањето на програмата слушателот е во можност да ги разбере главните содржини кога се употребува јасен стандардeн јазик и кога станува збор за познати теми во врска со работата, училиште, слободно време итн. Тоj е во состојба да се снајде со повеќето ситуации со кои може дa се сретнe додека патува во германското говорно подрачје. Тоj е во состојба јасно да се изрази за познати теми и области од личен интерес,  да зборува за искуства и случки, дa ги опишe своите соништа, надежи и цели и на кратко да ги објасни своите планови и ставови. Владее вокабулар и умее усно и писмено да комуницира во врска со следниве теми:  
  • Разбирање на упатства за играње игри
  • Понудување на преминување кон обраќање со du
  • Детален опис на личност
  • Зборување за колеги и пријатели
  • Разбирање на огласи за контакт и интервјуа
  • Зборување за привидноста и реалноста
  • Разбирање и објаснување на услови
  • Учествување на форум на интернет
  • Разбирање на приказни
  • Зборување за незгоди и дефекти во секојдневието
  • Детален опис на производи
  • Жалење за трговски и услужни дејности
  • Разбирање на радиоемисии
  • Зборување за своите планови
  • Извинување и убедување
  • Зборување за правила на однесување
  • Заземање на сопствен став при дискусија
  • Зборување за други земји и обичаи
  • Опишување на проблем и советување околу истиот
  • Разбирање на напишано интервју
  • Зборување за ангажмани, идоли, херои итн.
  • Разбирање и зборување на тема политика
  • Германската историја
  • Партии и политичари
  • Зборување за Германија и својата татковина
  По завршувањето на програмата слушателот ги владее и умее усно и писмено да ги применува и разбира следниве граматички структури:
  • Сложени кондиционални реченици со сврзникот falls
  • Релативни реченици со предлог
  • Субстантивизирани придавки
  • N-деклинација кај именките
  • Дводелен сврзник .desto
 
  • Сврзникот als ob
  • Темпорални сврзници während, nachdem, bevor Повторување на Passiv Präsens
  • Релативни реченици со was
  • Partzip Präsens како придавка
  • Дводелни сврзници: weder...noch, sowohl...als auch
  • Идно време Futur I
  • Препозиции со генитив: innerhalb и außerhalb
  • Каузален сврзник da
  • Темпорални сврзници: seit, seitdem, bis
  • Модални сврзници indem, ohne dass
  • Предлог außer
  • Деклинација на придавки во компаратив и суперлатив
  • Partizip Perfekt како придавка
  • Passiv Präteritum / Passiv Perfekt

Критериуми за влез во програмата

Потребно е предзнаење на ниво B1.1. Слушателот треба да е над 15 годишна возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support