Опис на програма

Оваа програма е наменета за изучување на германскиот јазик на самостојно ниво во хомогени групи со претходно предзнаење на нивото В1.2 и според Европската референтна јазична рамка го опфаќа нивото В2.1, со што истовремено и го подготвува и оспособува слушателот за полагање на испитот Zertifikat Deutsch. Во фокусот на целите и задачите на програмата е изучувачот на јазикот како социјална единка, чија основна задача е да се стекне со комуникативни вештини. Основни наставани материјали се учебникот и работните листови, це-де кон учебникот, це-де кон работните листови, но и други додатни материјали, вежби, аудио-визуелни содржини и сл., кои дополнително се внесуваат во наставата од страна на одговорниот наставник. Слушателите напредуваат кон совладувањето на германскиот јазик, преку подеднаква застапеност на сите јазични компетенции: слушање, читање, пишување и зборување и јазични вештини: граматика и вокабулар. Наставните содржини се презентирани преку теми од секојдневното општење и автентични, релевантни текстови, како на пр. писма, информативни брошури, статии од весници, телефонски разговори, вести, ТВ и радио-емисии, извадоци од литературни текстови и сл. Во програмата застапени се и наставни единици со  цивилизациска содржина, каде што акцент е ставен на географските и културни карактеристии, но и обичаи и навики, типични за германско-јазичните говорни подрачја, со цел на слушателот што повеќе да му се доближат културните разлики. Методичко-дидактичкиот пристап и техниките на учење во процесот на наставата активно ги вклучуваат сите слушатели во групата. Наизменично се применуваат како фронтална настава, така и индивидуална работа, но и работа во парови, групи и пленум. Во текот на посетувањето на курсот се спроведуваат и тематски тестови за евалуација на стекнатото знаење на слушателите, а по завршувањето на програмата стушателот полага соодветен завршен испит, по што се стекнува со диплома за успешно завршен VII степен по германски јазик, средно / самостојно ниво В2.1 (Mittelstufe, B2.1).

Резултати од програма

По завршувањето на програмата слушателот е во состојба да ги разбира главните содржини, сложени текстови на конкретни и апстрактни теми, технички дискусии во својата област. Може без поголем напор спонтано и течно да се разбере. Владее вокабулар и умее усно и писмено да комуницира во врска со следниве теми:  
  • Пријателства и љубовни релации
  • Фирма, работни односи
  • Раскажување на текот на денот
  • Активности во канцеларија
  • Форуми на интернет
  • Давање отказ
  • Медиуми
  • Средства за комуникација: електронска пошта
  • Филмски критики
  • Презентација на вести
  • Образование
  • Саем за професионална ориентација
  • Престој во странство
  • Фотомодели, фитнес, спорт
  • Посета на градови
  • Информирање и зборување за туристичките понуди во градот
  • Портеритање на градови
  • Искажување претпоставки и прогнози
  По завршувањето на програмата слушателот ги владее и умее усно и писмено да ги применува и разбира следниве посложени граматички структури:
  • Повторување: дводелни сврзници
  • Збороред во реченицата
  • Зборообразување: суфикси и префикси за образување на именки
  • Пасив на состојба (Zustandspassiv)
  • Каузални релации во реченицата
  • Партицип 1 и партицип 2 како придавки
  • Зборообразување: суфикси за образување на придавки
  • Реченици со wenn
  • Реченици со dass и нивни соодветници
  • Темпорални изрази
  • Зборообразување: суфиксот weise за образување на прилози
  • Глаголот lassen
  • Идно време Futur II
  • Зборообразување: Номинализирање на глагол со именка/прилог
  • Значења на конјунктив 2
  • Придавки со препозиции

Критериуми за влез во програмата

Потребно е предзнаење на ниво B1.1. Слушателот треба да е над 15 годишна возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support