Опис на програма

Оваа програма е наменета за изучување на германскиот јазик на самостојно ниво во хомогени групи со претходно предзнаење на нивото В2.1 и според Европската референтна јазична рамка го опфаќа нивото В2.2, со што истовремено и го подготвува и оспособува слушателот за полагање на испитот Zertifikat Deutsch. Во фокусот на целите и задачите на програмата е изучувачот на јазикот како социјална единка, чија основна задача е да се стекне со комуникативни вештини. Основни наставани материјали се учебникот и работните листови, це-де кон учебникот, це-де кон работните листови, но и други додатни материјали, вежби, аудио-визуелни содржини и сл., кои дополнително се внесуваат во наставата од страна на одговорниот наставник. Слушателите напредуваат кон совладувањето на германскиот јазик, преку подеднаква застапеност на сите јазични компетенции: слушање, читање, пишување и зборување и јазични вештини: граматика и вокабулар. Наставните содржини се презентирани преку теми од секојдневното општење и автентични, релевантни текстови, како на пр. писма, информативни брошури, статии од весници, телефонски разговори, вести, ТВ и радио-емисии, извадоци од литературни текстови и сл. Во програмата застапени се и наставни единици со  цивилизациска содржина, каде што акцент е ставен на географските и културни карактеристии, но и обичаи и навики, типични за германско-јазичните говорни подрачја, со цел на слушателот што повеќе да му се доближат културните разлики. Методичко-дидактичкиот пристап и техниките на учење во процесот на наставата активно ги вклучуваат сите слушатели во групата, а се погодни и за самостојно учење и самоевалуација на стекнатото знаење од страна на слушателот. Наизменично се применуваат како фронтална настава, така и индивидуална работа, но и работа во парови, групи и пленум. Во текот на посетувањето на курсот се спроведуваат и тематски тестови за евалуација на стекнатото знаење на слушателите, а по завршувањето на програмата стушателот полага соодветен завршен испит, по што се стекнува со диплома за успешно завршен VIII степен по германски јазик, средно / самостојно ниво В2.2 (Mittelstufe, B2.2).

Резултати од програма

По завршувањето на програмата слушателот е во состојба да ги разбира главните содржини, сложени текстови на конкретни и апстрактни теми, технички дискусии во својата област. Може да се разбере спонтано и течно и без поголем напор. Тоj може да се изрази јасно и во детали на широк спектар на теми, да го објасни своето мислење околу темата и да ги наведе предностите и недостатоците на различните опции. Владее вокабулар и умее усно и писмено да комуницира во врска со следниве теми:
  • Семејни релации и односи
  • Различни стилови на живеење
  • Исхрана: курсеви за готвење, регионални јадења, намирници
  • Медиуми
  • Студирање
  • Избор на универзитет
  • Пишување на мотивациони писма
  • Размена на искуства
  • Услужни дејности
  • Сервис за купувачи
  • Здравје: лекар и други занимања од оваа област
  • Класична и алтернативна медицина
  • Презентирање на туристички понуди
  • Регионални варијанти на германскиот јазик: дијалекти
  • Германскиот како службен јазик
  По завршувањето на програмата слушателот ги владее и умее усно и писмено да ги применува и разбира следниве посложени граматички структури:
  • Именки со препозиции
  • Генерализирани релативни реченици, споредбени реченици
  • Субјективно значење и примена на модалните глаголи
  • Зборообразување: Номинализирање на глаголи
  • Фиксни формации од именка и глагол
  • Зборообразување: негација со префикси и суфикси кај придавките
  • Алтернативи на пасивот: пасивни конструкции
  • Проширен партицип
  • Адверсативни (спротивни) реченици
  • Партиципите како именки
  • Зборообразување: фугата – ѕ – кај именките

Критериуми за влез во програмата

Потребно е предзнаење на ниво B2.1. Слушателот треба да е над 15 годишна возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support