Опис на програма

Како главна цел на ова програма е да се обезбеди можност за унапредување на јазичните и комуникациските вештини со интерактивен пристап и стекнување на истите, имајќи предвид дека Германскиот јазик станува еден од условите за конкурентноста на пазарот на труд.

Програмата ќе биде поделена на модули, соодветно на степенот на подготовка на учесниците, според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR):
А1 (подготвително ниво);
А2 (подготвително ниво);
B1 (самостојно ниво);
B2 (самостојно ниво);
C1 (напредно ниво);
C2 (врвно ниво).

Резултати од програма

Резултатите на програмата произлегуваат од целите на програмата и по завршување на модул или програмата учесникот ќе биде способен да: А1. По завршување на овој модул учесникот ке може да разбере и да користи познати секојдневни изрази и најосновни фрази во врска со задоволување на потреби од конкретен тип. Може да се претстави себе си и другите и може да поставува и да одговара на прашања околу лични детали од типот каде живее, кои луѓе ги познава и нештата што ги има. Може да води едноставен разговор под услов соговорникот да зборува бавно и јасно и да е подготвен да помогне. А2. По завршување на овој модул учесникот ке може да разбере реченици и често употребувани изрази сврзани со области од најнепосредна важност (на пример, најосновни лични и семејни информации, информации сврзани со купување, локална географија, вработување). Може да комуницира во едноставни и рутински задачи за кои е потребна едноставна и директна размена на информации за познати и рутински работи. Може со прости зборови да опише аспекти на своето образование, да ја опише непосредната околина и нешта во области сврзани со непосредни потреби Б1. По завршување на овој модул учесникот ке може да ги разбере главните поенти на јасен, стандарден разговор за познати нешта со кои редовно се среќава на работното место, во училиштето, во слободното време итн. Може да оформи едноставен поврзан текст на познати теми или на теми од личен интерес. Може да опише искуства и настани, соништа, надежи и амбиции и накусо да ги образложи и објасни своите гледишта и планови. Б2. По завршување на овој модул учесникот ке може да ги разбере главните идеи на сложен текст и на конкретни, и на апстрактни теми, вклучувајќи и технички дискусии од сопственото поле на специјализација. Може да комуницира доволно течно и спонтано, што овозможува нормална интеракција со родени говорители без напор од која било страна. Може да оформи јасен, детален текст од широк опсег на теми и да објасни гледиште за некое тематско прашање со изложување на предностите и недостатоците на различните опции. Ц1. По завршување на овој модул учесникот ке може да разбере широк опсег на сложени, подолги текстови и да препознае имплицитно значење. Може да се изрази течно и спонтано без многу очигледно барање на соодветни изрази. Може да го користи јазикот флексибилно и ефективно за општествени, академски и професионални цели. Може да оформи јасен, добро структуриран, детален текст на сложени теми, покажувајќи контролирана употреба на организациони модели, конектори и кохезивни средства Ц2. По завршување на овој модул учесникот ке може без проблеми да разбере практично сè што ќе чуе или ќе прочита. Може да сумира информации од различни говорни или пишани извори, пренесувајќи ги аргументите и фактите низ јасна и поврзана презентација. Може да се изрази спонтано, многу течно и прецизно, разликувајќи ги пофините нијанси на значењето дури и во посложени ситуации.

Критериуми за влез во програмата

Според закон за образование на возрасните, член 27: „Учесници во програмата може да бидат вработени, невработени, студенти и секој возрасен кој има потреба да научи германски јазик за потреба во професионална сфера или лично усовршување за потребите на секојдневниот живот. Согласно Закон за Образование на возрасните кандидатите треба да бидат постари од 15 години и да немаат статус на ученици.”

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 43 33
Пракса 82 63
Оценување 5 4
Вкупен број на часови 86400
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support