Опис на програма

После завршување на програмата, учесникот ќе биде способен да:
Сертифицирање: Монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност – прави анализа, планирање и организирање на работата, поставува и поврзува гасни водови и уреди, технолошки водови, монтира и приклучува енергетски потрошувачи на систем од инсталации со цевки, одржува гасоводни инсталации и опрема, врши заштита на работата, здравјето и околината.
По завршувањето на програмата, учесникот ќе се стекне со сертификат за Монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност.
Програмата вклучува теориски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини потребни за оспособување да работат како монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност.
Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ги имаат потребните способности да работат како монтери на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност.
Клучно во програмата е активно учество на учесникот во неа. Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој учесник. Оценувањето на крајот од обуката ќе се спроведе со комбинација на пишан, устен и практичен дел.

Резултати од програма

По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да:  прави анализа, планирање и организирање на работата;  го подготви работно место, алатот, машините и мерните инструменти;  поставува и поврзува гасни водови и уреди, и технолошките водови;  монтира и приклучува енергетски потрошувачи на систем од инсталации со цевки;  одржува гасоводни инсталации и опрема;  работи согласно принципите и стандардите за енергетска ефикасност на гасоводни инсталации;  води потребни белешки за работата;  подготвува профактури и да фактурира;  работи согласно важечките стандарди и прописи;  контролира, прилагодува и одржува уреди, помагала и алати што се користат во својата работа;  комуницира со соработници и со клиенти, согласно деловните принципи;  врши заштита на работата, здравјето и околината.

Критериуми за влез во програмата

Критериум за влез во програмата е учесникот да има:  завршено основно училиште;  јасна и реална идеја за развој на сопствен професионален проект по завршување на обуката.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 30
Пракса 60 60
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 230
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support