Опис на програма

После завршување на обуката, која се состои од два модула, учесникот ќе биде способен да:
Прво ниво на сертифицирање: подготви, води и евалуира обука и сесии;
Второ ниво на сертифицирање: ги води (coach) во текот на нивниот процес и да ги обучува обучувачите за возрасни.

Обуката ќе биде органзирана во два модула, односно во две нивоа:
прво ниво (професионален обучувач за возрасни) и
второ ниво (професионален обучувач за обучувачи за возрасни
).
По завршувањето на првото ниво на програмата, учесникот ќе се стекне со сертификат за професионален обучувач за возрасни. После завршувањето на второто ниво од програмата учесникот ќе се стекне со сертификат за професионален обучувач за обучувачи за возрасни. Учесникот може да премине на второто ниво само докололку го има завршено првото ниво и се има стекнато со сертификат за професионален обучувач за возрасни.

Обуката вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења, вештини и ставови потребни за оспособување да работата како професионални обучувачи за возрасни (прво ниво), односно професионални обучувачи за обучувачи за возрасни (второ ниво).
Првото ниво од програмата е во траење од 210 часови, а второто ниво е во траење од 120 часови.
Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ги имаат потребните спосбности да работат како професионални обучувачи за возрасни (прво ниво), односно професионални обучувачи за обучувачи за возрасни (второ ниво).
Клучно во обуката е активно учество во обуката на сите учесници.
Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој учесник.
Оценувањето на крајот од обуката ќе се спроведе со комбинација на пишан, усен и практичен дел.

Резултати од програма

Прво ниво (професионален обучувач на возрасни) После завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • подготви акционен план за кратка обука во траење од три дена
  • го подготви процесот на обука подолга од три дена со користење на различни педагошки пристапи
  • подготви детален план за водење на сесија и проценка на потребните педагошки ресурси
  • води сесија
  • учесникот (обучувач) ќе биде способен да го евалуира индивидуалниот напредок и постигнувањата на учесниците
  • учесникот (обучувач) ќе биде способен да им помогне на учесниците во надминување на потешкотиите при учењето
  • ја евалуира обуката
  • ја анализира сопствената професионална пракса
Второ ниво (професионален обучувач за обучувачи на возрасни) После завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • ги води (coach) учесниците во нивниот професионален проект и во процесот на вработување
ги води (coach) учесниците во процесот на организирање на обуката (креирање и планирање)

Критериуми за влез во програмата

За прво ниво:  Две години искуство во областа во која ќе обучуваат други. Јасна и реална идеја со тоа што би правеле после обуката За второ ниво: Две години искуство како обучувач за возрасни

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 63 30
Пракса 126 60
Оценување 21 10
Вкупен број на часови 210
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support