Опис на програма

Главна цел на програмата е да овозможи стекнување на знаења и вештини за занимањето Планинарски водич.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат за „Планинарски водич“.
Времетраењето на програмата: Програмата содржи вкупно 107 часови од кои 26 часа теорија, 31 часа пракса и 50 часа оценување.
Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува во тек на една недела. Теоретската обука се одвива во простории обезбедени од ФПСМ, под водство на искусни предавачи, а практичната обука ќе се изведува на планинските терени во близина на просториите за теоретска обука.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува преку теоретска и практична проверка на учесниците преку планинарска приемна тура (5 часа), усна и писмена проверка (5 часа), испитна тура (6 часа), семинарска задача (4 часа) и приправнички стаж (30 часови).
Приправничкиот стаж ќе се изведува во утврдени датуми во договор со учесниците, на планинските терени на целата држава. По успешно реализиран приправнички стаж, учесниците се стекнуваат со сертификат „Планинарски водич ФПСМ“.

Резултати од програма

Резултат од програмата е здобиен стручен назив ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧ, оспособен за основното водење, кога не е потребно посебно техничко знаење, ориентациско знаење, осигурување на учесниците по патеката со употреба на опрема за самоосигурување, на планинарски стапчиња и друга техничка опрема за планинарење. Водење со оваа категорија, се однесува за летни услови, по лесни означени и лесни неозначени патеки, по напорни и многу напорни означени патеки вклучително и поединечни снежни јазици, организирани походи, по напорни неозначени патеки и по лесни беспатја. Подетално, учесникот по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи да ја организира сопствената работа; оспособен за водење во планина на различни терени за поединци и групи; организација на домашни и странски планинарски акции/експедиции; оспособен за картографија и планинарска ориентација; познавање на метеорологија и анализа на временска прогноза; користење опрема потребна за водење во планина; оспособен за давање прва помош; препознавање и информирање за културното наследство и природно богатство за регионот каде се изведува водењето во планина; редовно го обновува своето знање и вештини за техниките на водење во планина; организира планинарски школи и други планинарски обуки; подготвува програма за стручна водичка помош;

Критериуми за влез во програмата

За кандидат планинарски водич во ФПСМ, потребно е да се усогласат општи и посебни услови. Општи услови се : - возраст, најмалку 18 години , - постигнато IV. ниво на образование (завршено средно образование ) - три години активност во планинарење, - членство во планинарски клуб, члан на ФПСМ - добра здравствена состојба. Посебни услови : Кандидатот за водич треба да биде способен за самостојно движење на тури пропишани за услови повисоки од А категорија. Затоа кандидатот за планинарски водич во ФПСМ треба во последните пет години да има: - најмалку 10 различни тури над линија на дрва по лесни патеки - најмалку 10 различни тури низ тешки и низ многу тешки патеки. Кандидатот го докажува исполнувањето на посебните услови преку список на реализираните

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 26 24
Пракса 31 86400
Оценување 29 50
Вкупен број на часови 47
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support