Опис на програма

Програмата за обуката вклучува теоретски и практични часови, како и часови за приправничко стажирање преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења, вештини и ставови потребни за оспособување да работат како професионални поставувачи на рекреативно-планинарски патеки – маркацисти.

Програмата трае вкупно 112 часови од кои 30 часа теорија, 67 часа практична обука и стажирање (25+42) и 15 часа оценување.
Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведуваат во текот на една недела. Теоретската обука ќе се одвива во простории обезбедени од ФПСМ, под водство на искусни предавачи, а практичната обука ќе се изведува на планинските терени во близина на просториите за теоретска обука.

Вреднувањето на постигнувањата ќе се спроведува преку теоретска и практична проверка на учесниците преку планинарска приемна тура, писмена и практична проверка , две испитни семинарски задачи и приправничко стажирање .

Приправничкиот стаж ќе се изведува во утврдени датуми во договор со учесниците, на планинските терени на целата држава. По успешно реализиран приправнички стаж, учесниците се стекнуваат со сертификат „Поставувач на рекреативно-планинарски патеки – маркацист “.

Резултати од програма

По завршување на Програмата учесникот ќе биде способен да: - изготвува проекти поврзани со поставување, оддржување и бележење на рекреативно-планинарски патеки; - ја планира и организира работата поврзана со поставување и оддржување на рекреативно-планинарски патеки; - избира потребни материјали, прибор и алат за поставување и одржување на рекреатвно-планинарски патеки; - ја изведува и контролира работата поврзана со поставување и одржување на рекреативно-планинарски патеки; - ги применува прописите за поставување и означување на рекреативно-планинарските патеки; - применува различни техники на бележење на рекреативно-планинарски патеки; - предлага поставување на заштитни градби на делови од рекреативно-планинарските патеки; - предлага затворање на постојните и поставување на нови рекреативно-планинарски патеки; - комуницира со колегите, надлежните и со населението; - користи соодветни информациски-комуникациски средства; - се движи и работи на неозначени патеки и по лесни беспатија на различни терени; - мапира рекреативно-планинарски патеки; - анализира временски прогнози; - се ориентира, чита мапи и се снаоѓа на терен во тешки услови; - води евиденција и документација за рекреативно-планинарските патеки; - информира за културното наследство и природното богатство во регионот каде што се изведува работа во планина; - користи опрема потребна за движење и работа во планина; - ја одржува опремата која ја поседува и која ја употребува; - користи средства за лична заштита и безбедност; - укажува прва помош на учесниците во процесот на водење во планина

Критериуми за влез во програмата

За да се вклучат во Програмата, учесниците треба да исполнуваат општи и посебни критериуми. Општи критериуми се : - возраст, најмалку 18 години , - завршено средно образование (четиригодишно или тригодишно); - три години активност во планинарење; - членство во планинарски клуб, член на ФПСМ; - добра здравствена состојба. Посебни критериуми се : - способност за самостојно движење; - најмалку 5 различни тури над линија на дрва по лесни патеки (во последните три години); - најмалку 5 различни тури низ тешки и низ многу тешки патеки (во последните три години); - најмалку 5 акции за бележење на планинарски патеки (во последните три години). Учесникот го докажува исполнувањето на посебните критериуми преку список на реализираните тури. Посебните критериуми кандидатот треба да ги исполни до денот на пријавување за обука. Пред започнување на обуката, со кандидатите се реализира приемна планинарска акција со која се проверува физичката и психичката подготвеност. Воедно се прави и приемен теренски тест, кој го утврдува нивото на знаење и подготвеност за стекнување лиценца.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 27 27
Пракса 67 60
Оценување 15 13
Вкупен број на часови 112
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support