Опис на програма

Курсот по германски јазик за ниво А2.2 е насочен кон оспособување на кандидатот да познава, разбира и употребува секојдневни изрази и основни фрази кои се однесуваат на области од негов непосреден интерес. Учебникот опфака седум лекции со следниве теми: за викенд, свет на производи, комуникација, по пат, патување, пари, животни станици. Во реализација на програмата ќе се применуваат наставни методи (монолошка, илустративна, дијалошка, дискусија, разговор, презентација), наставни техники (сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, ) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според Норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставани ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дим професор, со завршени студии по германски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 32 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 19 часа ,за вежби и тематски тестови 12 часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање (слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.

Резултати од програма

Резултати од програмата По завршувањето на курсот слушателот ќе може да разбира календар со манифестации и настани и совети и предлози поврзани со нив слушнати на радио, да изразува желба, да покани некого или со некого да договори средба, да направи предлог, да прифати и да одбие предлог и да го каже своето мислење на досега изучените теми, да разбере анкети и интервјуа на радио и да зборува за своите приватни трошоци, да опише и спореди предмети и да зборува за истите, да разбере конкретни пораки на телефонска секретарка и автоматски телефонски соопштенија, доколку се работи за позната институција. Слушателот ќе се стекне со знаења и ќе биде оспособен да: прави покомплексни опишувања на пат и да разбира сообраќајни пораки и известувања, да разбере текстови од весник на актуелни теми, временски прогнози, упатстава за безбедност, соопштенија и кратки едноставни изјави на радио, доколку се зборува јасно и полека, да напише е-маил и нешто да препорача и да образложи, да разбира огласи во туристички проспекти, да разбере разговор во туристичка агенција, зборува за туристички цели, планира патување и да го резервира во туристичка агенција, да прераскаже приказна, да напише коментар на интернет форум, да умее да се информира на шалтер во банка, да се обрати на непозната личност и да праша за нешто, да раскаже за своето детство, да зборува за своите планови, со познати зборови да опишува личности и места, да го каже своето мислење за позната ситуација, да пополнува формулар со лични податоци, разбира едноставни писма, е-маилови, разгледници, статистики и анкети, со познати зборови да напише краток текст...

Критериуми за влез во програмата

Курсот е наменет за возрасни слушатели кои го имаат завршено трет степен А2.1 и со тестирање покажуваат соодветно знаење за трет степен.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 19 59
Пракса 12 37
Оценување 1 3
Вкупен број на часови 32
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support