Опис на програма
Кандидатот ќе се стекне со теоретски и практични вештини од областа на рачното заварување со посебен акцент на аргонското заварување.
Обуката се организира и реализира во училниците и работилниците на училиштето.
При разработката на стручната теорија се води сметка за индивидуалните можности и способности на кандидатите. Стручната теорија се реализира преку активни методи. Училницата е опремена со табла, видео бим потребните наставни нагледни материјали за демонтрација.
Вештините потребни за занимањето практично се вежбаат преку планирани вежби во училишната работилница.
Вежбите за практична обука се осмислени така да се последователен след, условеност и корелација со сознанијата кои кандидатите ќе ги стекнат со стручната теорија.
Кандидатот има свое работно место. Опремата одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции.
При реализација на обуката се ангажираат и надворешни соработници за поуспешна реализација на истата.
Кандидатите за време на обуката континуирано се следат во постигањето на целите од страна на обучувачите преку писмена и практична проверка. Резултатите од проверките се евидентираат во соодветни листи за вреднување за секој кандидат.
По успешното завршување на сите теми се смета дека кандидатот успешно ја завршил обуката.
Вреднувањето на стекнатите компетенции се врши во три нивоа: високо,средно и ниско кое се внесува во листите за вреднување.Тоа се врши во текот на целата обука и за секоја тематска целина пооделно.
Резултати од програма
- ја распознава опремата, приборот и уредите за заварување;
- користи опрема за заварување;
- чита техничка документација;
- врши подготовка на материјалите за заварување ;
- успешно заварува во заштитна атмосфера на аргон со нетоплива електрода, гасно и електролачно рачно;
- го чува алатот и приборот во исправна состојба;
- ги контролира заварени споеви;
- се грижи за животната и работната средина;
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 50 | 23 |
Пракса | 145 | 69 |
Оценување | 10 | 8 |
Вкупен број на часови | 205 |