Опис на програма
Програма за „Менаџирање со настани и одржливи брендови” е специјално дизајнирана програма, наменета за доедукација на професионалци кои работат во областа на маркетинг и менаџментот со настани. Истата е развиена во склад со потребите на дополнително знаење за маркетингот и трендовите во менаџментот со настани, нудејќи им на учесниците иновативни можности за учење и стекнување нови вештини, вклучувајки го нивното професионално искуство.
Содржината на програмата е креирана според спроведените анализи и тоа:
- Анализа на потребите и предизвиците на маркетинг и менаџерите на настани
- Преглед на најновите и ефикасни програми за обука низ светот
- Проверка на европските стандарди за маркетинг и менаџмент на настани.
Обуката е организирана во шест модула.
Сите шест модула се фокусираат (овозможуваат) развој на нови вештини во областа на маркетинг и менаџментот на настани, кои се од суштинско значење за управувањето настани, кои со оглед на динамиката на маркетингот како дел од економијата, ќе им помогнат на професионалците да формираат одржливи брендови:
Модули:
- Менаџирање со настани,
- Концепти и дизајн на настани,
- Контрола и перформанса на насѕаните,
- Одржливи брендови,
- Интелигентно лидерство на настани,
- Предизвици и трендовиво маркетинг индустријата.
Обуката вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаење и вештини од областа на Менаџирање со настани и одржливи брендови
Времетраењето на Програмата е 180часови.
Секој модул ќе биде реализиран со комбинирано учење, комбинација на е-учење и учење во училница, со пристап насочен кон учесникот. Програмата е развиена врз основа на принципите на обуката за возрасни, со користење на методи и техники кои помагаат за развој на нови знаења и вештини.
Динамиката на секој модул се состои од три дела:
- Пред обуката – учесниците ќе се подготват за темата преку е-учење (видеа, презентации и читање);
- Главен дел – во училница, во текот на еден викенд, каде што учесниците ќе се вклучат со обучувачот и нивните врсници во работилница со различни интерактивни методи на обука;
- Пост-обуката – учесниците ќе ги применат своите нови знаења и вештини со е-учење (индивидуални задачи и форуми).
Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат по завршувањето на секој модул, како и на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ќе ги стекнат потребните способности. Оценувањето за секој модул ќе се спроведе со комбинација на пишан, усен и практичен дел.
Клучно во обуката е активно учество во обуката на сите учесници.
Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој уесник.
Со успешно завршување на Програмата учесниците ќе се стекнат со сертификат за успешно завршена Програма за менаџирање со настани и одржливи брендови
Резултати од програма
- прават проценка на можни предизвици во деловното работење,
- креираат бизнис и маркетинг стратегии согласно добиените анализи,
- придонесат за поголема конкурентност на организацијата,
- стратегиски да управуваат со настани,
- планираат, спроведуваат, контролираат, следат, проценуваат, планираат и дизајнираат настани според најновите светски трендови,
- користат техники за да ја зголемат одржливоста на својот бренд,
- прават анализа и проценка на комплексни маркетинг предизвици и развиваат ефективна маркетинг стратегија,
- препознаваат стил на однесување кај себе и другите користејќи го моделот на Global DISC,
Критериуми за влез во програмата
- образование пожелно во следните области: маркетинг, менаџмент, односи со јавност (ПР) или економија,
- минимум 2 годишно работно искуство во маркетинг или организирање на настани,
- одлично познавање и говорење на англиски јазик,
- способност за учење и спремност за развивање на своите персонални и деловни способности,
- учесникот треба да биде отворена, комуникативна, креативна и динамична личност.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 54 | 30 |
Пракса | 108 | 60 |
Оценување | 18 | 10 |
Вкупен број на часови | 180 |