Опис на програма

Програмскиот документ содржи седум тематски целини. Основната цел на програмата за обука на фризер е стекнувањето на вештини за негување и обликување на коса.

Програмата  пред се е практично ориентирана преку практична обука и теоретска настава и истата води кон стекнување на сертификат за фризер-основно ниво.

Практичната обука ја реализира мајстор – фризер според Законот за занаетчиство, а теоретскиот дел го реализира наставен кадар согласно нормативот за наставен кадар за стручно образование.

Обуката се спроведува во фризерски салон во траење од 6 (шест) месеци или 80 часа месечно или вкупно 480 часа.Обуката  се организира пет дена по 4 часа или вкупно  20 часа неделно. Практичната обуката   е индивидуална и истата се споведува во фризерски салони во Битола. Теоретската настава се спроведува во училница во рамките на регионалната занаетчиска комора во Битола. Теоретската настава може да е фронтална, индивидуална, или групна во зависност од поставените цели на тематските целини.

Вреднување на резултатите на постигањата на учесниците е перманентно и тоа усно,писмено, и преку постигањето на целите од практичната обука.За секој учесник се води портфолио. Заклучната оценка на учесниците се изведе врз основа на записите од портфолиото по секоја тематска целина

По завршување на обуката се спроведува завршен испит преку практична работа и усна проверка. како и од завршниот испит.

Секој учесник кој го положил завршниот испит добива сертификат  за фризеросновно ниво во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини,компетенции и знаења.

За секој дел од испитот кандидатот се оценува со положил или неположил.Кандидатот добива инструкции и потребните материјали за изработка на практичната задача.Изработката на практичната задача е самостојна работа на секој кандидат без помош на мајсторот или другите членови на комисијата.Времетраењето на изготвувањето на задачите е во рамките од 90  минути  и е во зависност од испитните задачи.Практичната задача кандидатот ја изведува пред комисија ,која ги следи и ги оценува чекорите во изготвувањето на вежбите и секој член од комисијата независно ги пополнува оценувачките листи.Резултатите од практичната задача и од стручно теоретскиот дел  влијаат во конечното вреднување на постигањата на кандидатите.

Напредувањето на завршените учесници е според Законот за образование на возрасни.

Резултати од програма

По завршување на обуката учесникот e oспособен да :
  • го применува алатот и опремата во фризерскиот салон,
  • го уредува работното место,
  • користи работна облека и заштитна опрема,
  • ја заштитува животната средина,
  • ја одржува лична хигиена,хигиената на алатот,приборот и просторот,
  • го дочекува,прима и сместува клиентот,
  • комуницира со клиентот за услугата која ја бара
  • го планира и подготвува работно место
  • го подготвува клиентот за работа
  • ја идентификува структурата, хемискиот и биохемискиот состав на влакното,
  • врши избор на средствата за миење и регенерација на коса,
  • применува техники на миење коса и масажа ,
  • одбира препарати за нега и регенерација на косата,
  • прави избор и подготвува препарати за боење на коса,
  • дава облик на фризурата според ликот и профилот или желбата на клиентот
  • употребува препарати за кадрење коса според типот на коса
  • користи соодветни препарати за шатирање според типот на коса  (боја,бланш)
  • шатира со капа,чешел и со други техники,
  • ја подготвува косата за потстрижување со делење на секции
  • потстрижува со ножици  и ефилирки

Критериуми за влез во програмата

Посебни критериуми за влез во програмата нема, освен кандидатот да има минимум основно образование и возраст над 15 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 86400
Пракса 288 60
Оценување 48 10
Вкупен број на часови 480
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support