Опис на програма
Програмата за козметичар за нега на лице и тело се состои од 6 тематски целини, а проверката на постигнувањето на цели ги опфаќа целите од тематски целини. Целите на програмата се насочени кон учесникот односно кандатот за стекнување знаења и вештини од областа на козметиката. Целокупната обука трае 480 часа.Главна цел на оваа програма е стекнување на вештини за самoстојно обавување на козме ички третмани. Врз основа на оваа цел обуката се организира според целите дефинирани по тематските целини кои се ориентирана кон стекнување на практични вештини и знаења,односно целно е ориентирана. Во таа насока обучувачот ќе користи такви методи, форми и техники кои овозможуваат постигнување на целите постапно, а ќе се користи макрометодот проектна задача. Врз основа на проектната задача и резултатите од спроведените тестови наставникот ја заклучува оценката(положил- не положил). За сите изработки на учесниците се води евиденција во нивните портфолија. По завршувањето на обуката следи испит за проверка на постигнатите цели од програмата која води кон сертификат за козметичар за нега на лице и тело во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини и знаења.теоретските се организираат во рамките на регионалната занаетчиска комора- Битола,а практчната обука во козметичарски салони во Битола.
Вреднување на резултатите на постигањата на учесниците е перманентно и тоа усно,писмено, и преку постигањето на целите од практичната обука.За секој учесник се води портфолио. Заклучната оценка на учесниците се изведе врз основа на записите од портфолиото по секоја тематска целина
По завршување на обуката се спроведува завршен испит преку практична работа и усна проверка.Заклучната оценка на учесниците се изведе врз основа на портфолиото по секоја тематска целина како и од завршниот испит.
Секој учесник кој го положил завршниот испит добива сертификат за козметичар за нега на лице и тело во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини,компетенции и знаења.
За секој дел од испитот кандидатот се оценува со положил или неположил.Кандидатот добива инструкции и потребните материјали за изработка на практичната задача.Изработката на практичната задача е самостојна работа на секој кандидат без помош на мајсторот или другите членови на комисијата.Времетраењето на изготвувањето на задачите е во рамките од 90 минути и е во зависност од испитните задачи.Практичната задача кандидатот ја изведува пред комисија ,која ги следи и ги оценува чекорите во изготвувањето на вежбите и секој член од комисијата независно ги пополнува оценувачките листи.Резултатите од практичната задача и од стручно теоретскиот дел влијаат во конечното вреднување на постигањата на кандидатите.
Резултати од програма
- прием на клиенти,
- применување на класичен третман на кожа
- депилира лице и тело
- применување на маникир третмани,
- масирање на дланки,
- применување на педикир третмани,
- масирање на стапала
- применување на лимфна дренажа,
- декорирање на нокти, надградба на нокти,
- третирање на акнозна кожа,
- третирање на кожа со испукани капилари.
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 144 | 30 |
Пракса | 288 | 60 |
Оценување | 48 | 10 |
Вкупен број на часови | 480 |