Опис на програма
Оваа програма е наменета за изучување на германскиот јазик на основно ниво во хомогени групи со претходно предзнаење на нивото А1.2 и според Европската референтна јазична рамка го опфаќа нивото А2.1, со што истовремено и го подготвува и оспособува слушателот за полагање на испитот Start Deutsch 2. Во фокусот на целите и задачите на програмата е изучувачот на јазикот како социјална единка, чија основна задача е да се стекне со комуникативни вештини. Основни наставани материјали се учебникот и работните листови, це-де кон учебникот, це-де кон работните листови, но и други додатни материјали, вежби, аудио-визуелни содржини и сл., кои дополнително се внесуваат во наставата од страна на одговорниот наставник. Слушателите етапно се воведуваат во германскиот јазик, преку подеднаква застапеност на сите јазични компетенции: слушање, читање, пишување и зборување и јазични вештини: граматика и вокабулар. Во програмата застапени се и фонетски вежби, со цел слушателот правилно да се насочи во изговорот и правописот. Наставните содржини се презентирани преку теми од секојдневното општење и автентични, релевантни текстови, како на пр. писма, информативни брошури, статии од весници, телефонски разговори, вести и сл. Во програмата застапени се и наставни единици со цивилизациска содржина, каде што акцент е ставен на географските и културни карактеристии, но и обичаи и навики, типични за германско-јазичните говорни подрачја, со цел на слушателот што повеќе да му се доближат културните разлики. Методичко-дидактичкиот пристап и техниките на учење во процесот на наставата активно ги вклучуваат сите слушатели во групата. Наизменично се применуваат како фронтална настава, така и индивидуална работа, но и работа во парови, групи и пленум. Во текот на посетувањето на курсот се спроведуваат и тематски тестови за евалуација на стекнатото знаење на слушателите, а по завршувањето на програмата стушателот полага соодветен завршен испит, по што се стекнува со диплома за успешно завршен III степен по германски јазик, основно ниво А2.1 (Grundstufe, A2.1).
Резултати од програма
- Именување на причини
- Раскажување на искуства од патувања
- Именување и претставување на членови од семејството
- Раскажување на настани од минатото
- Начин и стил на живеење
- Пречекување на гости
- Пишување на покани
- Ситуации во ресторан: порачување на храна и пијалоци
- Искажување на своите чувства и интереси
- Тема здравје: давање совети и препораки
- Пријавување во спортски клуб
- Читање информативни брошури
- Прослави: свадба, роденден, подароци и сл.
- Давање на предлози
- Кирија и станување
- Пишување на писма до соседите
- Телефонски разговори и ситуации на работното место
- Пишување на писмени соопштенија на работното место
- Искажување на услови
- Училиштен систем
- Обуки и пракси
- Искажување на своето мислење
- Типови на професии
- Сложени каузални реченици со weil
- Минато време Perfekt од деливи и неделиви глаголи
- Саксонски генитив
- Локални препозиции со акузатив и датив
- Прилози за место
- Прилози за зачестеност
- Неопределени заменки
- Конјунктив 2 од глаголот sollen
- Сложени кондиционални реченици со wenn...dann
- Рефлексивни глаголи
- Глаголи со фиксни препозиции
- Прашални форми со глаголи со фиксни препозиции
- Прилози за време
- Модални глаголи во претеритум
- Сложени исказни реченици со dass
- Дативен објект во реченицата
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 15 | 44 |
Пракса | 15 | 44 |
Оценување | 4 | 12 |
Вкупен број на часови | 34 |