Опис на програма

Курсот по англиски јазик, трет степен, А2.1 се спроведува по најнова програма која е наменета за изучување на англискиот јазик на почетното средно A2.1 ниво според Европската референтна јазична рамка и истата е соодветна за оние слушатели кои имаат претходно предзнаење од јазикот на A1.2 ниво. Тоа значи дека програмата е содржински последователна на претходното ниво и со нејзино совладување слушателот дополнително ќе ги надгради своите знаења и јазични вештини кои би му овозможиле остварување комуникација на англиски јазик.

Како основни наставни материјали за работа во наставата се користат учебник, работна тетратка, аудио ЦД-а, ДВД и софтвер за интерактивна табла надградени со дополнителни вежби и други содржини според потребите на слушателите, а по проценка на одговорниот професор.

Со програмата се опфатени сите четири јазични вештини: читање, слушање, пишување и зборување во комбинација со неопходните граматички содржини и вокабулар како темел на изучувањето на јазикот, а неизоставен дел од наставата се и вежбите за изговор.

Наставната содржина е распределена во тематски единици кои обработуваат современи теми од секојдневното живеење надополнети со видео епизоди во кои англискиот јазик е употребен во практични ситуации сè со цел овозможување на слушателите да го употребуваат јазикот во пракса.

За времетраење на програмата се спроведува и периодична евалуација на стекнатото знаење на слушателите во форма на тестови со што слушателите добиваат увид во сопственото знаење, а со тоа се детектираат и потенцијалните слабости со цел посветување дополнително време на нивно совладување.

Слушателите се активно вклучени во наставниот процес преку современи дидактички методи вклучувајќи и индивидуален, но и групен пристап на работа.

По успешно завршување на програмата, слушателите полагаат адекватен завршен испит по чие положување се стекнуваат со диплома за успешно завршен трет степен по англиски јазик на почетното средно A2.1 ниво.

Резултати од програма

По завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да го користат стекнатиот вокабулар во комуникациски цели и тоа во поглед на:
  • водење разговор за слободни активности, хоби, работа, студии, дом и семејство;
  • опишување физички изглед и карактер на личноста со соодветни придавки;
  • употреба на понапреден вокабулар за видови облека, обувки и модни додатоци;
  • изразување местоположба со употреба на соодветните предлози за местоположба;
  • водење разговор со рецепционер во хотел и барање помош за разрешување даден хотелски проблем;
  • споделување импресии од годишен одмор и користење фрази поврзани со активности на одмор;
  • опишување временски услови;
  • давање опис на слика/фотографија;
  • опишување населено место – град, село, место на живеење;
  • искажување минати подолготрајни дејства;
  • користење глаголски изрази и колокации;
  • употреба на аеродромска терминологија;
  • дефинирање поими со помош на релативни заменки;
  • порачување храна и разрешување даден ресторански проблем;
  • употреба на глаголи и придавки во колокации со адекватни предлози;
  • искажување домашни обврски и задачи;
  • користење вокабулар за шопинг и мода;
  • користење придавки што завршуваат на -ed / -ing;
  • пишување неформално писмо или и-мејл.
Исто така, по завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да ги применуваат во пракса и следните граматички структури:
  • збороред во сложени прашални реченици со и без прашален збор на почетокот од реченицата и прашални реченици со глаголот СУМ (To Be);
  • сегашно просто време (Present Simple Tense) наспроти сегашно трајно време (Present Continuous Tense);
  • минато свршено определено време (Past Simple Tense) со правилни и неправилни глаголски форми наспроти минато неопределено време (Present Perfect Tense) со употреба на yet, just, already;
  • минато трајно време (Past Continuous Tense) во потврдна, прашална и одречна форма со соодветните употреби на времето;
  • реченични сврзници и временски секвентори;
  • be going to за искажување идни намери односно планови и предвидувања;
  • релативни заменки и определувачки релативни реченици;
  • сложени неопределени заменки;
  • компарација на придавки и прилози заедно со структурата as…as / not as…as за правење споредба;
  • суперлативни придавки во конструкција со ever и Present Perfect Tense;
  • структури на реченици со too, too much, too many & enough, not enough;
  • идно просто време (Future Simple Tense) во потврдна, прашална и одречна форма со соодветните употреби на времето;
  • will / won’t за искажување ветувања, понуди, моментални одлуки и предвидувања.

Критериуми за влез во програмата

За влез во оваа програма потребно е слушателот да има претходно предзнаење на A1.2 ниво кое се одредува со спроведување на влезен тест. Исто така, слушателот треба да е над 15 годишна возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support