Опис на програма

Курсот по англиски јазик, петти степен, B1.1 се спроведува по најнова програма која е наменета за изучување на англискиот јазик на средното B1.1 ниво според Европската референтна јазична рамка и истата е соодветна за оние слушатели кои имаат претходно предзнаење од јазикот на A2.2 ниво. Тоа значи дека програмата е содржински последователна на претходното ниво и со нејзино совладување слушателот дополнително ќе ги надгради своите знаења и јазични вештини кои би му овозможиле остварување подобра комуникација на англиски јазик.

Како основни наставни материјали за работа во наставата се користат учебник, работна тетратка, аудио ЦД-а, ДВД и софтвер за интерактивна табла надградени со дополнителни вежби и други содржини според потребите на слушателите, а по проценка на одговорниот професор.

Со програмата се опфатени сите четири јазични вештини: читање, слушање, пишување и зборување во комбинација со неопходните граматички содржини и вокабулар како темел на изучувањето на јазикот, а неизоставен дел од наставата се и вежбите за изговор.

Наставната содржина е распределена во тематски единици кои обработуваат современи теми од секојдневното живеење надополнети со видео епизоди во кои англискиот јазик е употребен во практични ситуации сè со цел овозможување на слушателите да го употребуваат јазикот во пракса.

За времетраење на програмата се спроведува и периодична евалуација на стекнатото знаење на слушателите во форма на тестови со што слушателите добиваат увид во сопственото знаење, а со тоа се детектираат и потенцијалните слабости со цел посветување дополнително време на нивно совладување.

Слушателите се активно вклучени во наставниот процес преку современи дидактички методи вклучувајќи и индивидуален, но и групен пристап на работа.

По успешно завршување на програмата, слушателите полагаат адекватен завршен испит по чие положување се стекнуваат со диплома за успешно завршен петти степен по англиски јазик на средното B1.1 ниво.

Резултати од програма

По завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да го користат стекнатиот вокабулар во комуникациски цели и тоа во поглед на:
  • искажување идни планови односно намери, предвидувања, моментални одлуки, ветувања, понуди, барања, сугестии, фикснодоговорени идни настани со соодветните граматички структури;
  • изразување животни искуства и сегашни последици од претходни дејства;
  • употреба на термини од областа храна т.е. видови зеленчук, овошје, месо, риба, морски плодови и начини на нивно подготвување;
  • споредување луѓе, предмети, места;
  • опишување карактер на личноста со користење придавки со позитивна и негативна конотација;
  • користење именки, глаголи и предлошки фрази поврзани со темата пари;
  • видови јавен превоз и возила заедно со сложени именки за патен сообраќај;
  • користење зависни предлози во колокации со глаголи и придавки;
  • искажување способност или неспособност;
  • искажување постоење т.е. непостоење на обврска или забрана;
  • давање совети и искажување сопствени мислења;
  • користење спортски вокабулар;
  • употреба на именки и глаголски фрази за меѓучовечки односи и врски;
  • раскажување минати дејства и минати навики;
  • составување неформално писмо или е-мејл;
  • давање критички осврт на филмско остварување.
Исто така, по завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да ги применуваат во пракса и следните граматички структури:
  • глаголи што искажуваат дејства и состојби во корелација со Present Simple Tense и Present Continuous Tense;
  • глаголски структури за искажување идност: be + going to, Present Continuous Tense, will/shall + infinitive
  • Present Perfect Simple Tense наспроти Past Simple Tense;
  • Present Perfect Continuous Tense во потврдна, прашална и одречна форма со соодветните употреби на времето;
  • компарација на придавки и прилози со правилни и неправилни форми на степенување;
  • определен и неопределен член во англискиот јазик (нивна употреба и испуштање);
  • модалните глаголи can, could и формата be able to за искажување способност;
  • модалниот глагол must наспроти have to и одречните форми mustn’t наспроти don’t have to за искажување постоење т.е. непостоење на обврска или забрана;
  • модалните глаголи should, shouldn’t, ought to, ought not to за давање совети или лични мислења;
  • наративни минати времиња: Past Simple Tense, Past Continuous Tense, Past Perfect Tense;
  • повторливи дејства во сегашностa и минати навики искажани со usually и used to;
  • get used to, be used to наспроти used to.

Критериуми за влез во програмата

За влез во оваа програма потребно е слушателот да има претходно предзнаење на A2.2 ниво кое се одредува со спроведување на влезен тест. Исто така, слушателот треба да е над 15 годишна возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support