Опис на програма

Курсот по англиски јазик, седми степен, B2.1 се спроведува по најнова програма која е наменета за изучување на англискиот јазик на високото средно B2.1 ниво според Европската референтна јазична рамка и истата е соодветна за оние слушатели кои имаат претходно предзнаење од јазикот на B1.2 ниво. Тоа значи дека програмата е содржински последователна на претходното ниво и со нејзино совладување слушателот дополнително ќе ги надгради своите знаења и јазични вештини кои би му овозможиле остварување подобра комуникација на англиски јазик.

Како основни наставни материјали за работа во наставата се користат учебник, работна тетратка, аудио ЦД-а, ДВД и софтвер за интерактивна табла надградени со дополнителни вежби и други содржини според потребите на слушателите, а по проценка на одговорниот професор.

Со програмата се опфатени сите четири јазични вештини: читање, слушање, пишување и зборување во комбинација со неопходните граматички содржини и вокабулар како темел на изучувањето на јазикот, а неизоставен дел од наставата се и вежбите за изговор.

Наставната содржина е распределена во тематски единици кои обработуваат современи теми од секојдневното живеење надополнети со видео епизоди во кои англискиот јазик е употребен во практични ситуации сè со цел овозможување на слушателите да го употребуваат јазикот во пракса.

За времетраење на програмата се спроведува и периодична евалуација на стекнатото знаење на слушателите во форма на тестови со што слушателите добиваат увид во сопственото знаење, а со тоа се детектираат и потенцијалните слабости со цел посветување дополнително време на нивно совладување.

Слушателите се активно вклучени во наставниот процес преку современи дидактички методи вклучувајќи и индивидуален, но и групен пристап на работа.

По успешно завршување на програмата, слушателите полагаат адекватен завршен испит по чие положување се стекнуваат со диплома за успешно завршен седми степен по англиски јазик на високото средно B2.1 ниво.

Резултати од програма

По завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да го користат стекнатиот вокабулар во комуникациски цели и тоа во поглед на:
  • искажување здравствени состојби како повреди, рани, болести;
  • видови облека и видови материјали и дезени на облеката;
  • давање опис на стилови на облекување и користење соодветни глаголски фрази поврзани со облека и мода;
  • користење аеродромски и авионски вокабулар со фразални глаголи од авионски сообраќај;
  • искажување време, начин, место, степен, зачестеност и коментар со употреба на соодветните прилози и прилошки фрази;
  • коментирање за временските состојби со адекватна терминологија за екстремни временски појави и употреба на придавки за опишување на временските услови;
  • искажување чувства со обични, но и со екстремни придавки.
  • изразување предминати кратки и подолготрајни дејства;
  • користење условни реченици и искажување желби за иднината или каења за минатото;
  • пишување кратка приказна или расказ;
  • аргументирање за или против во писмена форма;
  • пишување статија за весник или списание.
Исто така, по завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да ги применуваат во пракса и следните граматички структури:
  • формирање различни типови прашални реченици (прашања со и без прашален збор на почетокот, прашално-одречни реченици, прашања кои на крај завршуваат со предлог, прашални реченици без подмет во реченицата и индиректни прашални реченици);
  • помошни глаголи и нивна употреба во реченици за согласување или несогласување со соговорникот, во потврдни реченици со цел потенцирање на исказот, исто и во прашални завршетоци;
  • Present Perfect Simple & Continuous Tense со нивните сличности, разлики и употреби;
  • придавки во функција на именки во реченицата;
  • реченици со повеќе последователни придавки пред именката и нивниот редослед;
  • предминато трајно време (Past Perfect Continuous Tense) во потврдна, прашална и одречна форма со соодветните употреби на времето;
  • минати времиња за употреба при нарација – Past Simple Tense, Past Continuous Tense, Past Perfect Simple Tense & Past Perfect Continuous Tense;
  • видови прилози (за начин, за зачестеност, за време, за место, за степен и за давање коментар т.е. мислење) и други прилошки фрази и нивна местоположба во реченицата;
  • Future Continuous & Future Perfect Tense во потврдна, прашална и одречна форма со нивните соодветни употреби;
  • условни реченици од нулта, прв, втор и трет кондиционал со нивните употреби и разлики и давање краток осврт на кондиционални реченици од мешовит карактер;
  • временски реченици за искажување идни дејства;
  • желбен начин т.е. структури со I wish и употреба во реченица;

Критериуми за влез во програмата

За влез во оваа програма потребно е слушателот да има претходно предзнаење на B1.2 ниво кое се одредува со спроведување на влезен тест. Исто така, слушателот треба да е над 15 годишна возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 24
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support