Опис на програма

Курсот по англиски јазик, осми степен, B2.2 се спроведува по најнова програма која е наменета за изучување на англискиот јазик на високото средно B2.2 ниво според Европската референтна јазична рамка и истата е соодветна за оние слушатели кои имаат претходно предзнаење од јазикот на B2.1 ниво. Тоа значи дека програмата е содржински последователна на претходното ниво и со нејзино совладување слушателот дополнително ќе ги надгради своите знаења и јазични вештини кои би му овозможиле подобри комуникациски способности со што во целост ќе го заокружи нивото B2 и ќе биде подготвен за следното C1 ниво.

Како основни наставни материјали за работа во наставата се користат учебник, работна тетратка, аудио ЦД-а, ДВД и софтвер за интерактивна табла надградени со дополнителни вежби и други содржини според потребите на слушателите, а по проценка на одговорниот професор.

Со програмата се опфатени сите четири јазични вештини: читање, слушање, пишување и зборување во комбинација со неопходните граматички содржини и вокабулар како темел на изучувањето на јазикот, а неизоставен дел од наставата се и вежбите за изговор.

Наставната содржина е распределена во тематски единици кои обработуваат современи теми од секојдневното живеење надополнети со видео епизоди во кои англискиот јазик е употребен во практични ситуации сè со цел овозможување на слушателите да го употребуваат јазикот во пракса.

За времетраење на програмата се спроведува и периодична евалуација на стекнатото знаење на слушателите во форма на тестови со што слушателите добиваат увид во сопственото знаење, а со тоа се детектираат и потенцијалните слабости со цел посветување дополнително време на нивно совладување.

Слушателите се активно вклучени во наставниот процес преку современи дидактички методи вклучувајќи и индивидуален, но и групен пристап на работа.

По успешно завршување на програмата, слушателите полагаат адекватен завршен испит по чие положување се стекнуваат со диплома за успешно завршен осми степен по англиски јазик на високото средно B2.2 ниво.

Резултати од програма

По завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да го користат стекнатиот вокабулар во комуникациски цели и тоа во поглед на:
  • учество во конверзација на тема за човечкото тело, делови и органи со користење на соодветни глаголи и глаголски фрази поврзани со темата;
  • дискутирање на тема видови криминал и криминалци во корелација со правни термини од судски процес;
  • употреба на новинарски жаргон, користење придавки за опишување медиуми и разбирање на јазикот на насловите на весниците / статиите;
  • учество во деловна комуникација со користење глаголи и изрази поврзани со темата бизнис, како и терминологија за видови организациии и поими за одговорните лица во компаниите;
  • користење префикси и суфикси кои го менуваат значењето на зборовите;
  • образување именки со додавање наставки;
  • носење заклучоци или шпекулации за минати дејства;
  • искажување критика или каење за некое минато дејство;
  • давање детален опис на фотографија;
  • составување извештај на дадена тема.
Исто така, по завршување на програмата, слушателите ќе бидат во можност да ги применуваат во пракса и следните граматички структури:
  • глаголи што претходат на глаголската именка и инфинитивот со или без TO пред него со ставање акцент на промената на значењето на самите глаголи според тоа дали по нив доаѓа глаголска именка или TO-инфинитив;
  • глаголските структури: used to + инфинитив и be used to / get used to + глаголска именка;
  • модалните глаголи must, can’t, might, may + have + past participle што се користат за минати дејства т.е. изведување заклучоци или шпекулирање за минатите дејства;
  • модалните глаголи should, shouldn’t, ought to, ought not to + have + past participle за искажување критика или каење за некое минато дејство;
  • глаголи поврзани со сетилата: look, feel, smell, sound, taste и нивна правилна употреба во реченица;
  • пасивна структура на реченица во сите граматички времиња со акцент на формалните структури на безлични пасивни реченици;
  • специфични глаголски структури за прекажување говор;
  • реченици за искажување контраст и намера;
  • небројни именки, збирни именки и именки само со множинска форма;
  • количествени заменки и придавки од типот: all, every, most, no, none, any...;
  • правила за употреба на членовите во англискиот јазик односно кога треба да се употребуваат, а кога не.

Критериуми за влез во програмата

За влез во оваа програма потребно е слушателот да има претходно предзнаење на B2.1 ниво кое се одредува со спроведување на влезен тест. Исто така, слушателот треба да е над 15 годишна возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support