Опис на програма
Главна цел на програмата е земјоделските производители да се запознаат со основните безбедносни аспекти при ракување со тракторите и приклучните земјоделски машини, како и при нивно вклучување во јавниот сообраќај.
Учесниците ќе се здобијат со уверение за работна оспособеност за безбедно управување со трактори и тракторски машини.
Учесниците ќе поминат низ 6 модулaрни единици.
Резултати од програма
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да:
- познава норми и правила за безбедно користење на трактор и приклучни машини при различни услови на експлоатација
- управува различни видови на трактори
- правилно приклучува приколки и земјоделска механизација за трактор
Критериуми за влез во програмата
Основно ниво за влез на учесниците во програмата е:
- да имаат завршено минимум основно образование (пожелно ниво на образование е тригодишно или четиригодишно стручно образование од земјоделска или машинска струка).
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 12 | 29 |
Пракса | 24 | 57 |
Оценување | 6 | 14 |
Вкупен број на часови | 32 |
0 STUDENTS ENROLLED