Опис на програма
Главна цел на програмата е учесниците да се оспособат за одгледување на млечни крави со примена на современи принципи за добивање на млеко со подобар квалитет и остварување на поголема добивка од млекопроизводството. Програмата нуди комплетна обука за: водење на матично книговодство на фарма, одбирање на млади грла за ремонт на стадо, правилна исхрана, соодветно сместување, следење на репродуктивниот циклус, примена на зоотехнички мерки при одгледување на млечни крави, правилно молзење на кравите, одржување на хигиена при молзењето и постапка со млекото после молзењето.
Програмата ќе се реализира преку теоретска настава и практична обука, во траeње од 180 училишни часа.
Учесниците ќе се здобијат со уверение за работна оспособеност за одгледувач на млечни крави
Учесниците ќе поминат низ 8 тематски единици.
Резултати од програма
- води фармска книга на краварска фарма
- избира најдобри единки за ремонт на стадото на млечни крави
- идентификува фази на репродукција на млечни крави
- одредува соодветна исхрана на млечни крави
- избира соодветно сместување на млечните крави
- применува зоотехнички мерки кај млечните крави
- запазува постапки при молзење на крави
Критериуми за влез во програмата
- да имаат завршено минимум основно образование (пожелно ниво на образование е тригодишно или четиригодишно средно образование).
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 63 | 35 |
Пракса | 105 | 58 |
Оценување | 12 | 7 |
Вкупен број на часови | 180 |