Опис на програма

Теоретската обуката ќе се организира и реализира во училниците на училиштето. При теоретската настава ќе се користат компјутери, Power point  презентации, LCD прожектор, слики, шеми, каталози, плакати, списанија, видео материјали, примероци од производи, декларации и друг дидактички материјал. Практичната настава ќе се реализира во училишната пекарска работилница и во пекарските погони во градот. Секој кандидат ќе има свое работно место во пекарската работилница и ќе биде набљудуван од страна на обучувачите во пекарите. Групата која се обучува не треба да биде поголема од 10 кандидати. Опремата, апаратите, приборот и материјалот одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции. Тоа се: основна опрема – столна вага, работни маси, мешалка за тесто, ферментациона комора, пекарска печка, мијалник, електричен бојлер, фрижидер, електричен шпорет, рачен миксер.  Прибор за работа – садови и прибор за јадење, сито, метални садови за готвење, пластични садови, одмерителни садови, сукала, ножеви, тави, калапи, четки, хартија за печење. Потребни суровини – различни видови брашна, вода, квасец, шеќер, сол, масло за јадење, јајца, зачини и друг материјал за работа. Ќе се обезбеди заштита при работа, како на просторот така и лична и колективна заштита на учесниците на обуката.
Сите кандидати задолжително треба да присуствуваат најмалку на 80% од часовите на модуларната единица за да може да се упатат на писмена и практична проверка на знаењата.

Резултати од програма

Кандидатот ќе биде оспособен да: - подготвува, организира и извршува работни задачи; - рационално користи енергија, материјали и време; - комуницира со соработниците, стручните служби и со корисниците на услугите; - развива претприемнички вештини и однесувања; - чисти и дезинфицира простор, работни површини, прибор, апарати во пекарска работилница, - применува мерки за заштита на здравјето и околината во соглсност со хигиено-технички, противпожарни и други заштитни мерки; - користи стндардни оперативни постапки по НААСР; - подготвува суровини за производство на бели печива; - врши органолептичко оценување на суровините; - чита, толкува и прилагодува рецептури за бели печива; - изработува домашно ситно бело печиво; - изработува геврек, перек, сусамка и други видови печива; - изработува различни видови на филувани и нефилувани бели печива; - подготвува филови за различни видови печива; - изработува интегрално, пченкарно и други видови печива; - изработува крофни и мекици; - пресметува рандман на бели печива; - прима, складира и пакува бели печива за дистрибуција; - продава бели печива.

Критериуми за влез во програмата

1. Основно ниво на образование: основно образование и возраст најмалку од 18 години. 2. Пожелно ниво на образование: тригодишно образование од Хемиско-технолошка струка 3. Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 30
Пракса 120 60
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support