Опис на програма

Теоретската обуката ќе се организира и реализира во училниците на училиштето. Практичната настава ќе се реализира во фризерските салони во градот. Практичната настава ќе се организира со тимска работа, од двајца обучувачи за реализација на поставените стручни компетенции на кандидатите. Секој кандидат ќе има свое работно место во фризерските салони и ќе биде набљудуван од страна на обучувачите во салоните. Групата која се обучува не треба да биде поголема од 10 кандидати. Ќе се работи во затворен простор. Опремата, апаратите, приборот и материјалот одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции. Тоа се: основна опрема –  лавор за миење на коса со столче, работна маса, фенови, преса за коса и др. Прибор за работа – платно за шишање, крпи, ножици за шишање и ефилирање, четки за фенирање, четки за боење и белење, сад за мешање на бојата, заштитни ракавици, виклери, чешли. Потрошен материјал -препарати за миење и нега на косата, препарати за боење и белење на косата, оксиданси со различита концентрација, вата, газа, хартиени ролни, фолија, алкохол, дестилирана вода, дезинфициенси и др. Компјутер со програма за фризери, CD  со стручни демонстрации, модели на кукли, стручна литература, часописи и др. Ќе се обезбеди заштита при работа како на просторот така и лична и колективна заштита на учесниците на обуката.
Сите кандидати задолжително треба да присуствуваат најмалку на 80% од часовите на модуларната единица за да може да се упатат на писмена и практична проверка на знаењата.

Резултати од програма

Кандидатот ќе биде оспособен да: - планираат, подготвуваат и изведуваат работи во фризерските салони; - вршат проверка на квалитетот на извршената работа;-  спроведуваат постапка на дезинфекција и стерилизација; - применуваат постапка на сув стерилизатор; - познаваат структура на влакно; - идентификуваат тип на коса; - одбираат средства за миење на коса; - применуваат техники на миење на коса и масажа; - употребуваат средства за регенерација; - подготвуваат коса за потстрижување; - познаваат видови потстрижување според обликот на лицето; - потстрижуваат класична долга коса и многу долга коса со и без степенување; - потстрижуваат класично и трендовски средно долга и кратка коса со ретчење, слоевито и убодно; - извршуваат преглед на коса и лоцираат нејзина состојба; - проценуваат состојба на коса и соодносот на бојата и хидрогенот; - прават избор на боја и мешаат сооднос боја и хидроген; - применуваат во практика боење на коса; - прават избор на препарати за белење; - применуваат во практика техники на шатирање и начини на белење на коса; - применуваат техники за виткање и изработка на водена ондулација; - применуваат техники за виткање и изработка на трајна ондулација - минивал; - фенираат коса класичен и модерен стил; - применуваат прописи за заштита при работа, заштита на животната средина; - развиваат одговорност при работата и интерес за доживотно учење.

Критериуми за влез во програмата

1. Основно ниво на образование: основно образование и возраст најмалку од 18 години. 2. Пожелно ниво на образование: тригодишно образование од струка лични услуги 3. Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 30
Пракса 120 60
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support