Опис на програма

Оваа програма е наменета за изучување на германскиот јазик на почетно ниво во хомогени групи без потребно предзнаење и според Европската референтна јазична рамка го опфаќа нивото А1.1, со што истовремено и го подготвува и оспособува слушателот за полагање на испитот Start Deutsch 1. Во фокусот на целите и задачите на програмата е изучувачот на јазикот како социјална единка, чија основна задача е да се стекне со комуникативни вештини. Основни наставни материјали се учебникот и работните листови, це-де кон учебникот, це-де кон работните листови, но и други додатни материјали, вежби, аудио-визуелни содржини и сл., кои дополнително се внесуваат во наставата од страна на одговорниот наставник. Слушателите етапно се воведуваат во германскиот јазик, преку подеднаква застапеност на сите јазични компетенции: слушање, читање, пишување и зборување и јазични вештини: граматика и вокабулар. Во програмата застапени се и фонетски вежби, со цел слушателот правилно да се насочи во изговорот и правописот. Наставните содржини се презентирани преку теми од секојдневното општење и автентични, релевантни текстови, како на пр. писма, информативни брошури, статии од весници, телефонски разговори, вести и сл. Во програмата се застапени и наставни единици со цивилизациска содржина, каде што акцент е ставен на географските и културни карактеристии, но и обичаи и навики, типични за германско-јазичните говорни подрачја, со цел на слушателот што повеќе да му се доближат културните разлики. Методичко-дидактичкиот пристап и техниките на учење во процесот на наставата активно ги вклучуваат сите слушатели во групата. Наизменично се применуваат како фронтална настава, така и индивидуална работа, но и работа во парови, групи и пленум. Во текот на посетувањето на курсот се спроведуваат и тематски тестови за евалуација на стекнатото знаење на слушателите, а по завршувањето на програмата стушателот полага соодветен завршен испит, по што се стекнува со диплома за успешно завршен I степен по германски јазик, почетно ниво А1.1 (Grundstufe, A1.1).

Резултати од програма

По завршувањето на програмата слушателот умее да разбира и применува основни изрази и кратки реченици во конкретни ситуации од секојдневието. Владее вокабулар и умее усно и писмено да комуницира во врска со следниве теми:
  • Поздравување
  • Претставување себеси и трети лица
  • Извинување, замолување, заблагодарување
  • Броеви
  • Претставување на членови од семејството
  • Храна и пијалоци, цени
  • Дијалози во ресторан, продавница, пазар
  • Опис на стан: простории во станот и мебел
  • Делови од денот, денови, оброци
  • Опис на активностите во денот
  • Време/час
  • Време/ метеоролошки појави
  • Страни на светот
  • Годишни времиња
  • Опис и именување на активности во слодобното време, хоби
  • Учење, обуки и сл.
По завршувањето на програмата слушателот ги владее и умее усно и писмено да ги применува и разбира следниве граматички структури:
  • Сегашно време: правилни и неправилни глаголи
  • Лични заменки во номинатив
  • W-прашања и да/не – прашања
  • Присвоен член: mein-
  • Определен, неопределен и негативен член кај именките
  • Множина кај именките
  • Негација на реченици
  • Деливи глаголи
  • Основни темпорални предлози
  • Номинатив и акузатив
  • Модални глаголи: möchten, können, wollen
  • Минато време: Perfekt

Критериуми за влез во програмата

Не е потребно предзнаење за влез во оваа програма. Слушателот треба да е над 15 годишна возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 44
Пракса 15 44
Оценување 4 12
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support