Опис на програма
Оваа програма е наменета за изучување на германскиот јазик на самостојно ниво во хомогени групи со претходно предзнаење на нивото В1.2 и според Европската референтна јазична рамка го опфаќа нивото В2.1, со што истовремено и го подготвува и оспособува слушателот за полагање на испитот Zertifikat Deutsch. Во фокусот на целите и задачите на програмата е изучувачот на јазикот како социјална единка, чија основна задача е да се стекне со комуникативни вештини. Основни наставани материјали се учебникот и работните листови, це-де кон учебникот, це-де кон работните листови, но и други додатни материјали, вежби, аудио-визуелни содржини и сл., кои дополнително се внесуваат во наставата од страна на одговорниот наставник. Слушателите напредуваат кон совладувањето на германскиот јазик, преку подеднаква застапеност на сите јазични компетенции: слушање, читање, пишување и зборување и јазични вештини: граматика и вокабулар. Наставните содржини се презентирани преку теми од секојдневното општење и автентични, релевантни текстови, како на пр. писма, информативни брошури, статии од весници, телефонски разговори, вести, ТВ и радио-емисии, извадоци од литературни текстови и сл. Во програмата застапени се и наставни единици со цивилизациска содржина, каде што акцент е ставен на географските и културни карактеристии, но и обичаи и навики, типични за германско-јазичните говорни подрачја, со цел на слушателот што повеќе да му се доближат културните разлики. Методичко-дидактичкиот пристап и техниките на учење во процесот на наставата активно ги вклучуваат сите слушатели во групата. Наизменично се применуваат како фронтална настава, така и индивидуална работа, но и работа во парови, групи и пленум. Во текот на посетувањето на курсот се спроведуваат и тематски тестови за евалуација на стекнатото знаење на слушателите, а по завршувањето на програмата стушателот полага соодветен завршен испит, по што се стекнува со диплома за успешно завршен VII степен по германски јазик, средно / самостојно ниво В2.1 (Mittelstufe, B2.1).
Резултати од програма
- Пријателства и љубовни релации
- Фирма, работни односи
- Раскажување на текот на денот
- Активности во канцеларија
- Форуми на интернет
- Давање отказ
- Медиуми
- Средства за комуникација: електронска пошта
- Филмски критики
- Презентација на вести
- Образование
- Саем за професионална ориентација
- Престој во странство
- Фотомодели, фитнес, спорт
- Посета на градови
- Информирање и зборување за туристичките понуди во градот
- Портеритање на градови
- Искажување претпоставки и прогнози
- Повторување: дводелни сврзници
- Збороред во реченицата
- Зборообразување: суфикси и префикси за образување на именки
- Пасив на состојба (Zustandspassiv)
- Каузални релации во реченицата
- Партицип 1 и партицип 2 како придавки
- Зборообразување: суфикси за образување на придавки
- Реченици со wenn
- Реченици со dass и нивни соодветници
- Темпорални изрази
- Зборообразување: суфиксот weise за образување на прилози
- Глаголот lassen
- Идно време Futur II
- Зборообразување: Номинализирање на глагол со именка/прилог
- Значења на конјунктив 2
- Придавки со препозиции
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 15 | 44 |
Пракса | 15 | 44 |
Оценување | 4 | 12 |
Вкупен број на часови | 34 |