Опис на програма
Главна цел на програмата е учесниците да се оспособат за молзење на крави со современи апарати за молзење и при тоа да добијат млеко со подобар квалитет кое ќе ги задоволи ЕУ стандардите за квалитет на млеко, а со тоа и остварување на поголема добивка од млекопоизводството.
Програмата ќе се реализира преку теоретска настава и практична обука, во траење од 70 училишни часа.
Учесниците ќе се здобијат со уверение за работна оспособеност за молзач на млечни крави
Учесниците ќе поминат низ 4 тематски целини.
Резултати од програма
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да:
- утврдува млечност на кравите спрема генетскиот потенцијал на кравата (корегирање на млекото)
- демонтира и монтира молзни единици од машина за молзење
- заменува работни делови на молзните единици од машината за молзење
- запазува постапки при молзење на кравите
- толкува прописи и стандарди за квалитет на млеко
- применува хигиенски мерки при молзење на кравите
- чува млеко во соодветни услови и на соодветна температура, до продажба
- одржува хигиена на апарати и системи за молзење
- користи средства за лична заштита и заштита на околината
- идентификува причинители за добивање на маститис кај кравите
Критериуми за влез во програмата
Основно ниво за влез на учесниците во програмата е:
- да имаат завршено минимум основно образование (пожелно ниво на образование е тригодишно или четиригодишно средно образование).
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 21 | 30 |
Пракса | 42 | 60 |
Оценување | 7 | 10 |
Вкупен број на часови | 70 |
0 STUDENTS ENROLLED