Опис на програма
Теоретската обуката ќе се организира и реализира во училниците на училиштето. Практичната настава ќе се реализира во козметичките салони во градот. Практичната настава ќе се организира со тимска работа, од двајца обучувачи за реализација на поставените стручни компетенции на кандидатите. Секој кандидат ќе има свое работно место во козметички салони и ќе биде набљудуван од страна на обучувачите во салоните. Групата која се обучува не треба да биде поголема од 10 кандидати. Ќе се работи во затворен простор. Опремата, апаратите, приборот и материјалот одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции. Тоа се: основна опрема – козметичко столче, работна маса, лупа, вапазон, апарат за восок (топла депилација), мал апарат за восок (топла депилација), апарат за греење на патрони за депилација, табла и др. Прибор за работа – платно за покривање, крпи, прибор за маникир и педикир, ножици, пинцети и памук. Потрошен материјал – вата, газа, хартиени ролни, пластична фолија, алкохол, дестилирана вода, дезинфициенси и др. Препарати – млека, лосиони, тоници, крема, восок и препарати за шминкање. Ќе се обезбеди заштита при работа како на просторот така и лична и колективна заштита на учесниците на обуката.
Сите кандидати задолжително треба да присуствуваат најмалку на 80% од часовите на модуларната единица за да може да се упатат на писмена и практична проверка на знаењата.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 60 | 30 |
Пракса | 120 | 60 |
Оценување | 20 | 10 |
Вкупен број на часови | 200 |